Услови

Со самиот пристап на www.beactive.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија. ГОРЕКС ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Цените на сите производи на веб страницата www. beactive.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. ГОРЕКС ДООЕЛ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:

Доставата на артиклите е во границите на Република Македонија.

Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.

Минималниот износ на кошничката треба да е 600ден за да може да ја направите нрачката.

За испорака на територијата на град Скопје испораката е бесплатна.

За испорака во останатите места во Македонија трошоците за достава се вкалкулираат при нарачката во крајната цена на кошничката.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

Почитувајќи го Законот за заштита на личните податоци и други соодветни регулативи во Република Македонија ГОРЕКС ДООЕЛ не ги чува податоците кај себе т.е. нема да користи личните податоци. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл.

ОПШТО

ГОРЕКС ДООЕЛ Скопје не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.beactive.mk се од информативен карактер.