Сигурност

Сигурноста на податоците при плаќањето преку интернет ги гарантира процесорот на платежните картички, КАСИС АД СКОПЈЕ, со тоа што комплетниот процес на наплата се извршува на страниците на процесорот.

Во ниту еден момент податоците за платежните картички не се достапни на нашиот систем. Доколу имате Visa, MasterCard, Maestro или Diners платежна картичка одобрена од страна на Банката издавач за онлајн плаќање, изберете го овој начин на плаќање. Откако ќе ја потврдите порачката, ќе бидете усмерени на веб – страницата на КАСИС АД СКОПЈЕ. На страницата на процесорот за плаќање вршите внес на податоци од платежните картички и го извршувате плаќањето.

Доколку трансакцијата е успешна, ќе бидете вратени на нашата веб – страница со известување дека плаќањето е успешно извршено. Во случај, плаќањето да не е успешно, ќе бидете вратени на нашата веб – страница со информација за неуспешно плаќање и ќе можете да го повторите плаќањето или да изберете друг начин на плаќање.

Доверливите информации се пренесуваат по пат на јавни мрежи во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколи и PKI системи, како моментално најсовремени криптографски технологии. Од сигурносни причини, податоците за Вашата платежна картичка се видливи само за КАСИС АД СКОПЈЕ како процесор на картичките. Веб – страната на Процесорот е заштитен и сигурен за овој начин на плаќање.